Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ѓорчев во Лондон се сретна со британски парламентарци и генералниот секретар на ИДУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika-1

Во текот на посетата на Лондон и Велика Британија меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби. Ѓорчев се сретна со Грег Хендс, пратеник од редовите на конзервативците и поранешен министер за Лондон во владата на Тереза Меј.

Ѓорчев оствари средба со Ендрју Розиндел, пратеник од Конзервативната партија на Велика Британија во изминатите 18 години.

— реклама —

Исто така, Ѓорчев се сретна со Кристијан Катнер, генерален секретар на ИДУ од редовите на ЦДУ/ЦСУ од Германија. ИДУ е најголемата глобална организација на десниот центар со 73 партии членки од целиот свет каде што ВМРО-ДПМНЕ е рамноправна членка.

— реклама —

— реклама —

На средбите Ѓорчев ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев особено ги подвлече влошените економски состојби, проблемите со слободата на медиумите и политичкиот прогон, партизацијата на институциите и бројните проблеми кои резултираат со масовно иселување од државата, особено на младите луѓе.

Воедно, Ѓорчев истакна дека Македонија и Велика Британија имаат одлични политички и економски односи, како сојузници и пријателски земји. Ѓорчев додаде дека двете земји имаат солидна и силна воена соработка во рамките на НАТО алијансата и мисиите.

На крајот, Ѓорчев ја нагласи долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија и Вестминстерската фондација за демократија (ВФД), како модел за партнерски однос и доверба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања