Промени тема
Контакт

Ѓорчев во посета на Херитиџ фондацијата и најгледаната ТВ Фокс Њуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-2-1

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.

На средбата Ѓорчев го запозна соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација.

— реклама —

Херитиџ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа.

Херитиџ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.

— реклама —

Во Конгресот на САД Ѓорчев се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите.

— реклама —

Ѓорчев оствари посета на „Фокс Њуз“, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имаше можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања