Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ѓорѓиев: Каде се шесте затворени базени ширум Македонија што ги вети Каевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gorgiev

Младите се најголеми жртви на лагите на измамникот Зоран Заев и СДСМ. Илјадници млади граѓани во Република Македонија паралелно со високото образование учат и по некој странски јазик со единствена цел кога ќе го завршат образованието веднаш да ја напуштат нашата држава поради бесперспективноста, која е резултат на неспособната и криминална власт, истакна Филип Ѓорѓиев од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Заев и СДСМ ги излажаа младите. Излажаа дека ќе спроведат мерки и проекти во интерес на младите од кои до ден денес нема ништо. Нема ни трага ни глас од студентските домови, базени, игралишта и проекти кои ги ветуваа СДСМ за младите.

— реклама —

Една од најголемите лаги за младите е дело токму на Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој ветуваше не еден, не два туку шест затворени базени ширум Македонија од кои во последната година на мандатот на оваа власт во заминување се уште нема ништо.

— реклама —

Дали Каевски мислеше дека се на „прав пат“ кога во април лажеше дека во јуни ќе отпочне изградбата на затворените базени за сега повторно да шири лажни вести дека изградбата ќе започне до крајот на месецот, а се уште не е завршена тендерската постапка.

— реклама —

Како што може да се види на оваа фотографија која што е достапна јавно на јавноста, тендерската постапка завршува на 2 декември, а Дарко Каевски пред само неколку дена јавно, на телевизиска дебата ја излажа македонската јавност дека целата постапка е завршена.

Токму ваквите лаги и манипулации ќе ги казнат младите на 12-ти април, кога во голем број ќе излезат да гласаат против криминалната банда на чело со аболицираниот Зоран Заев. Младите знаат кој се грижи за нив и кој нуди реални проекти и решенија, младите на 12-ти април гласот ќе го дадат за обнова на Македонија, истакна Филип Ѓорѓиев од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања