Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиев: Хаосот кој деновиве се случува во Општина Центар е последица на неодговорното работење на СДС и Герасимовски и на тоа што се расфрлаа со одобренија за градби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryvq5p03ujen4lcPw4imX

Членот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Филип Ѓорѓиев, обвини дека градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ водат неодговорна и расипничка политика во Општина Центар, поврзана со издавањето одобренија за градба.

— реклама —

Според Ѓорѓиев, задоцнетите казни и санкции не можат да ја прикријат, како што рече, неодговорноста на локалната власт, која дозволила работа на компании за кои подоцна се појавиле информации за спорно работење.

— реклама —

Тој посочи дека одобренија за градба биле издавани на фирми поврзани со лица за кои, како што наведе, во медиумите имало објави за несовесно работење или блокирани сметки.

— реклама —

„Три месеци ништо не знаеја додека се раскопуваше срцето на градот. Дури кога се урна земјиштето, пропаднаа тротоари и паднаа бандери, тогаш ‘дознаа’ кому му дале дозволи за градба“, изјави Ѓорѓиев.

— реклама —

Тој додаде дека покрај одговорноста за компаниите и нивните сопственици, одговорност треба да понесат и Горан Герасимовски и СДСМ, оценувајќи дека ова не е изолиран случај, туку доказ за, како што рече, лошото управување со Општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања