„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ѓорѓиевска не се чувствува виновна за смртта на Пино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
angela

22-годишната Ангела Ѓорѓиевска денеска на судското рочиште изјави дека не се чувствува виновна за смртта на Пинета „Пино“ Секондо кој беше свирепо убиен во декември минатата година. На почетокот на судењето, таа изјави дека не е виновна, а нејзиниот адвокат Еленко Миланов истакна дека ќе биде докажано дека Ангела е обвинета без ниту еден доказ.

— реклама —

Освен Ѓорѓиева, за убиството на Пино е обвинет и 27 годишниот Фуркан Али, но тој е во бегство.

Инаку 26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од декември лани, а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април годинава, кога непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења за кој се утврди дека станува збор за исчезнатиот Пино.

— реклама —

Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ сомневајќи дека тие се виновни за смртта на Пино.

фото:Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања