Ѓорѓиевски: Боки 13, кој ја носеше ташната со милиони кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Orce1806

„Парите од Рекет барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кој целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба Луј Витон полна со изрекетирани милиони, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Боки 13 е директниот извршител во Рекет. Парите кои тој ги изрекетирал завршиле директно кај Заеви.

— реклама —

Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи кои ги изнеси се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во ЈО и да биде отворена истрага против него.

— реклама —

ЈО на Русковска премолче и не отвори истрага против Заеви кога Боки 13 од суд кажа дека добил порака од Заев лично на 16 април да се видат и да се соочат со доказите. Тоа се 5 дена пред Зоран Заев како што самиот кажа подоцна откако имаше притисок од целата јавноста во Република Македонија го пријави Рекет случајот токму кај истата Русковска.

Што криеше Заев и зошто не го пријавил случајот веднаш?! Менаџирал со докази, прикривал, уништувал или пак изменувал?!

Русковска го премолче тоа и не отвори истрага. Исто како што молчи цела година и внимава трагата да не не однесе токму до главата на октоподот а тоа е Зорна  Заев.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Тој е човекот кој го менаџирал случајот, а ЈО и судот се прават дека од дрвото не можа ја видат шумата.

Заев ги лаже граѓаните и институциите во Македонија, а Русковска му дозволува да помине неказнет.

По денешниот исказ на Боки 13 очекуваме ЈО итно да смогне сили и храброст и да го повика Зоран Заев на распит, да му го земе телефон на вештачење и да отвори истрага против него.

За ваквото непостапување на ЈО и штитење на Заев одговорност ќе има многу брзо.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања