Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Скопје
media-library09d767havqm88wdv3fI

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, им додели признанија на професорите кои учествуваат во иницијативата за заеднички наставни часови во средните училишта.

Ѓорѓиевски истакна дека професорите имаат значајна улога во поврзувањето на младите, поттикнувањето меѓусебна почит и прифаќањето на различностите. Преку заедничката настава, учениците градат пријателства и учат да ги препознаваат различностите како вредност што ги зближува.

— реклама —

Признанија добија професорите и училишните тимови од осум средни училишта: „Браќа Миладиновци“, „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски“, „Цветан Димов“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Арсени Јовков“, „Димитар Влахов“ и гимназијата „Јосип Броз Тито“.

— реклама —

Иницијативата се спроведува од 2018 година, а Град Скопје веќе деветта година по ред го поддржува овој модел на заедничка настава во сите осум средни училишта под негова надлежност во кои наставата се одвива на различни наставни јазици.

Ѓорѓиевски посочи дека Скопје е единствената локална самоуправа во државата што континуирано го спроведува овој модел. Тој упати благодарност и до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за долгогодишната соработка, стручната поддршка и обуките наменети за наставниците и училиштата.

— реклама —

Од Град Скопје најавуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат иницијативите што поттикнуваат доверба, почитување и заедништво меѓу младите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 2 дена

media-library0ku9c8ugju82f46k3Yv

Спречувањето на корупцијата во фокусот на средбата меѓу Ѓорѓиевски и ГРЕКО

Скопје | пред 4 дена

media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

(Видео) Ослободувањето од комуналии за младите парови е дел од изборната програма, а не иницијатива што ја прифатил од друг, тврди Ѓорѓиевски

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања