Ѓорѓиевски: ЈО да го повика Зоран Заев и да го вештачи неговиот телефон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
georgievski

Вилма Русковска го штити Зоран Заев – главата на криминалниот октопод во Република Македонија.  Иако првообвинетиот во случајот Рекет неколку пати посочува дека во телефонот на Зоран Заев има комуникација која што е важна за расветлување на целиот случај, сепак телефонот на Заев не е одземен со цел негово вештачење, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Што сака Русковска да сокрие!?

— реклама —

Дали во телефонот на Зоран Заев има кореспонденција и комуникација која директно укажува на него како Капо Ди Тути капи на целата рекетарска шема во Македонија!?

— реклама —

ЈО молчи во однос на вмешаноста на Заев и на секое негово спомнување ја свртува работата во друг правец.

Првообвинетиот кажа дека Заев преку СМС порака го повикал уште на 16 април во владата со цел да ги соочат доказите. Тоа се цели 6 дена пред Заев да го пријави случајот како што претходно кажа.

Што правел Заев во меѓу период?

Дали сокривал докази?

Дали изменувал содржина на докази?

Дали уништувал докази?

Ова се прашања на кои истрагата мора да се насочи, ако не сега, тогаш со воспоставувањето на правната држава во Македонија.

Првообвинетиот вчера експлицитно кажа дека Зоран Заев менаџирал со судски процеси и обвинителски истраги со цел обезбедување на пратеници.

Ова е уште една причина плус, Зоран Заев да се најде на истражна клупа.

Сите презентирани докази индицираат дека Заев во повеќе наврати и на повеќе нивоа менаџирал судски и обвинителски постапки. Зоран Заев ја има дерогирана судската власт и директно се вмешал во нејзината работа. Зоран Заев ја има уништено нашата правната држава, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања