Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на „Потстаница“ креирајќи вистинска урбана населба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

„Потстаница“ комплетно го менува својот лик, станувајќи вистинска урбана населба, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во Драчево.


— реклама —

Улицата ,,Сердарот” од 6500m2 која со години беше заборавена, сега добива нов асфалт и е проширена, пешачка зона, а краците се поплочени со павер елементи. Општина Кисела Вода го реши и долгогодишниот проблем со паркирањето и метежот во овој дел од општината, па сега жителите имаат на располагање околу 100 паркинг места, велат од општината.

— реклама —


„Младите ќе имаат можност да спортуваат на новото фудбалско игралиште со квалитетна вештачка трева, како и новото кошаркарско во негова близина, додека пак, за најмладите жители градиме ново детско катче со модерни реквизити каде што детската игра тука ќе може непречено да се одвива. Како новитет, градиме и нов мини плоштад кој ќе биде место за собирање на сите жители од Потстаница, за дружба и одмор, но и многу манифестации. Иднината се гради со дела, а за нас тие говорат најмногу“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека во Кисела Вода повеќе нема заборавени места и дека работата продолжува со уште посилно темпо во секоја населба.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања