ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Ѓорѓиевски: МВР ги има снимките од дивеењето во МНТ, го знае и идентитетот на хулиганите, зошто никој не е приведен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Навивачката група „Шверцери“ во петокот дивееше во новиот објект на МНТ. Спасовски и одговорните во ресорот култура три дена молчеа и го прикриваа вандалскиот чин се додека во јавноста не излегоа снимки од хулиганите. Срамно потценување на јавноста е изјавата на Заев дека после пет дена ќе формирал комисија која што ќе ја испитувала одговорноста, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

МВР ги има снимките од дивеењето во театарот. МВР го знае и идентитетот на хулиганите. Зошто во овие пет дена никој не е приведен, ниту пријавен? Каде е одговорноста на Оливер Спасовски? Кој даде наредба на специјалците да ги пуштат вандалите да си одат дома?

— реклама —

Зоран Заев да не си поигрува со граѓаните и нивната интелигенција. Наместо да чека извештаи, кои еве по петти ден по настанот се уште ги нема да понесе одговорност за вандалскиот чин на настанот на „Шверцери“ за кој што знаел.

— реклама —

Зоран Заев и Оливер Спасовски да одговорат кој досега ги крие тие што дивееја во МНТ?

Власта доколку сакаше да го заштити имотот на МНТ и да го зачува  јавниот ред и мир, можеше уште во петокот вечерта да даде команда на специјалните единици кои беа во близина на театарот да направат обрач и да ги приведат сите инволвирани во овој настан.

Самиот факт што немаше акција на специјалците од МВР и што настанот се криеше од јавноста три дена, кажува дека власта сакала свесно да го сокрие овој вандализам. Исто како што ги крие и тие што го одобрија ова вандалско дело.

Директна одговорност има во хиерархијата од директорот на МНТ, во заменик министерот за култура, министерот за култура, но пред се најголемата одговорност е во Оливер Спасовски и во Зоран Заев.

Дали амнестирањето на тие што не постапија со активирање на специјалните единици е со цел да не се стигне до Оливер Спасовски и Зоран Заев лично!?

Одговорност за настанот во МНТ мора да има, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

zFJusg1Khm4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања