Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски на AERO Street Food Festival: Скопје е најубаво кога улиците се исполнети со музика, насмевки и заедништв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryft467tdbij778lCmUy2

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечера присуствуваше на AERO Street Food Festival во Општина Аеродром, кој се одржува под покровителство на Град Скопје.

Ѓорѓиевски, кој на фестивалот присуствуваше заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, оцени дека големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма покажуваат дека Аеродром е препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.

Тој упати честитки до Митески и неговиот тим за организацијата на фестивалот.

— реклама —

„Како Град Скопје, секогаш ќе бидеме силна поддршка на настаните што ги обединуваат луѓето, создаваат позитивна енергија и му даваат нова живост на градот“, порача Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Скопје посочи дека ваквите настани придонесуваат за создавање позитивна атмосфера во градот и за зближување на граѓаните.

„Скопје е најубаво кога неговите улици се исполнети со музика, насмевки и заедништво. Градот убав и неговата вистинска душа се луѓето и моментите што ги споделуваат заедно“, напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања