Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ѓорѓиевски: На слобода е група која со калашникови ограбува среде бел ден, а Спасовски мува не го лази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Неспособноста на министерот за внатрешни работи е веќе толку општо позната работа што не е ни чудо зошто секој ден се случуваат грабежи, убиства и насилства во Република Македонија. Криминалците се осоколени и слободни, што прават дрски кривични дела сред бел ден, и за тоа не одговара никој од нив, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каков Премиер, таков Министер за внатрешни работи, а таква за жал е безбедност на државата.

— реклама —

Десетина тешки грабежи, и неколку опљачкани банки и пошти откако Оливер Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај.

— реклама —

— реклама —

За неполни два месеци само од Тутунска банка на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази.

МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија.

За жал криминалот е присутен насекаде. Пред само неколку дена во центарот на Прилеп сведоци бевме дека беше фрлена бомба во кафуле полно со гости, а сторителите се уште не се откриени.

Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди! Оставка мора од негова страна и тоа веднаш!

Криминалот буквално царува во Република Македонија, нема одговорност пред законот за сторителите на тешки кривични дела, Спасовски или не знае како или не сака да ги изведе пред лицето на правдата оние кои ги загрозуваат животите и безбедноста на нашите сограѓани.

Предизборната коалиција на СДСМ со криминалното подземје полека но сигурно си го зема данокот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Партизацијата на МВР е евидентна, таа е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чија безбедност треба да е основен приоритет на министерството. МВР е во тотален хаос и целосно неефикасно.

Што поскоро Спасовски и оваа власт си заминат, толку побрзо ќе се врати правдата во Република Македонија, a нашите граѓани ќе можат повторно да кажат дека се чувствуваат сигурно и не живеат во страв.

Каков Премиер, таков Министер за внатрешни работи, а таква за жал е безбедност на државата.

Десетина тешки грабежи, и неколку опљачкани банки и пошти откако Оливер Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај.

За неполни два месеци само од Тутунска банка на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази.

МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија.

За жал криминалот е присутен насекаде. Пред само неколку дена во центарот на Прилеп сведоци бевме дека беше фрлена бомба во кафуле полно со гости, а сторителите се уште не се откриени.

Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди! Оставка мора од негова страна и тоа веднаш!

Криминалот буквално царува во Република Македонија, нема одговорност пред законот за сторителите на тешки кривични дела, Спасовски или не знае како или не сака да ги изведе пред лицето на правдата оние кои ги загрозуваат животите и безбедноста на нашите сограѓани.

Предизборната коалиција на СДСМ со криминалното подземје полека но сигурно си го зема данокот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Партизацијата на МВР е евидентна, таа е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чија безбедност треба да е основен приоритет на министерството. МВР е во тотален хаос и целосно неефикасно.

Што поскоро Спасовски и оваа власт си заминат, толку побрзо ќе се врати правдата во Република Македонија, a нашите граѓани ќе можат повторно да кажат дека се чувствуваат сигурно и не живеат во страв“, изјави Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања