Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarygkuab30alltl28MMHzh

Пожарот што попладнево избувна во објект кај „Рампа“ е ставен под контрола и локализиран благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Според него, со навремената реакција било спречено пожарот да се прошири на околните објекти и да предизвика поголема материјална штета.

„Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на Клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —

Тој истакна дека интервенцијата уште еднаш ја покажала важноста на Противпожарната бригада и пожртвуваноста на пожарникарите, кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

Ѓорѓиевски додаде дека модернизацијата на Бригадата, набавката на нова опрема и подобрувањето на условите за работа остануваат приоритет, упатувајќи благодарност до сите пожарникари за нивната професионалност, храброст и посветеност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 6 дена

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања