Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Склучен е договор за набавка на 3.300 нови контејнери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е потпишан договор за набавка на 3.300 нови контејнери, што според него е најголема набавка од ваков тип во изминатите години.

Ѓорѓиевски вели дека новите контејнери треба да придонесат за почисти населби, помалку отпад на улиците, навремено празнење и подобри услови за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“.

— реклама —
— реклама —

„Само за споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери – бројка недоволна за потребите на цело Скопје“, наведува градоначалникот.

— реклама —

Тој посочува дека претходно контејнерите биле набавувани по цена од повеќе од 18.000 денари за парче, додека со новиот договор набавката ќе чини 9.600 денари по контејнер.

„Ова е доказ дека кога се работи чесно, домаќински и одговорно, може да се направи многу повеќе со парите на граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додава дека по набавката на нови возила за ЈП „Комунална хигиена“, следува и набавката на 3.300 контејнери.

„Чекор по чекор, создаваме функционален систем и ставаме крај на хаосот со отпадот“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања