Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: „Скопје ја памети цената на својата слобода и никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 32 минути -

Скопје
media-libraryeoqtavflgv01fVX85jE

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски утрово остварил традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Ѓорѓиевски им се заблагодарил за нивната посветеност во зачувувањето на споменот за ослободителите и пренесувањето на нивното наследство на новите генерации.

— реклама —

Тој потсетил дека на 13 ноември, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42. и 50. народноослободителна дивизија и 16. македонска бригада му ја донеле слободата на Скопје.

— реклама —

„Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа“, порача Ѓорѓиевски.

Како градоначалник, тој истакнал дека ја носи одговорноста со почит кон жртвата на борците и решителност да гради град во кој достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневието.

— реклама —

Ѓорѓиевски оддаде почит на сите борци кои се избориле за слободно Скопје, порачувајќи дека нивниот подвиг треба да остане вечен завет за идните генерации.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library09d767havqm88wdv3fI

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје | пред 2 дена

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 3 дена

media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања