Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-kiselavoda-1

„Она што Владата го вети, а се однесува за реалокација на средства, односно средства коишто ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти тоа аполутно се реализира насекаде“, прецизираше во своето излагање градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на вчерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на 24ТВ.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација.

— реклама —

„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Ѓорѓиевски е дециден дека опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати.

„Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема средства и проекти да се потпишуваат со општините, се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес па се отиде кон тоа многу често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има кои ќе одговорат на реализација на проектите, сега се оди кон тезата дека не се пуштени средствата. Не се пуштени средствата затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите“, категоричен е Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања