Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од народот како државна антикризна помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Orce14.06

Зоран Заев пред само недела дена кажа дека со таканаречените антикризни мерки му помага на народот и стопанството. Само неколку дена подоцна гледаме како народните пари преку буџетот завршуваат на сметката на фирмите на семејството Заеви како Еленица, каде управител е неговиот брат Вице Заев, а основач неговиот бртучед Трајче Заев, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја погледнеме изјавата на Заев од пред една недела.

— реклама —

Пакетите мерки се наменети за џебот на Заеви и врхушката на власт. Никогаш доста за Заеви. Прикажале приход од 5 милиони евра а сега земаат од државата помош.

Наместо на сметките на фирмите на кои реално им треба помош, парите завршија во џебот на Заеви.

— реклама —

Заеви не се фаќаат за џебот кога треба да дадат, туку единствено кога треба да земаат од нашиот народот.

— реклама —

Згора на тоа освен Еленица на Заеви, државна помош од 106 илјади евра добила и фирмата на доскорешниот потпретседател на Владата и близок соработника на Зоран Заев Кочо Анѓушев.

ВМРО-ДПМНЕ бара и ги повикуваме Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од државата како државна антикризна помош. Ова преставува сериозен сомнеж за злоупотреба и ќе треба обвинителство сериозно да го испита овој случај.

— реклама —

Овие луѓе немаат образ. Ова значи помалку пари за компаниите а повеќе пари за Заеви, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања