Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Заев и ЈО да кажат дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
orce

Дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата и дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа?

ЈО со месеци молчи и не презема никакви активности против Дончев, иако истиот е посочен од страна на Вера Иванова, сопственичка на Диамед и нејзиниот адвокат, како човек кој заедно со Зоки Кичеец, омилениот рекетар на Зоран Заев барале удел во нејзината фирма, па откако не им бил даден уделот барале дел од парите од продажбата на фирмата, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Ден Дончев континуирано во период од неколку месеци ја минирал продажбата на Диамед на странски инвеститор, токму со таа причина.

Ден Дончев е еден од клучните играчи на криминалниот октопод и неговото евентуално завршување во притвор би значело откривање на сите пикантерии. Затоа ЈО молчи и заедно со Заев дозволија да избега, затоа што само така се штити самиот Зоран Заев.

— реклама —

Обвинителството иако има докази против Дончев не покрена истрага и овозможува тој да избега.

ЈО молчи и сега откако јавно медиуми обелоденија дека Дончев земал и до 2 милиони евра мито од фирми кои вршеле здравствени услуги на територија на Република Македонија за навремено да им се исплатат парите од ФЗОМ кои што впрочем им следуваат согласно закон.

Доказите за овој криминал според објавеното во медиумите ги имаат и во ЈО, но реакција до денес нема.

— реклама —

Нема затоа што ЈО го штити Зоран Заев кој што е главата на криминалниот октопод, со чие знаење се вршени сите дејствија.

Одговорност за ова мора да има. Заштитени пред лицето на правдата во Република Македонија не смее да има, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања