Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнал процесот на одгасување на депонијата Вардариште, по изработена физибилити студија.

Тој истакна дека се мапирани 22 точки, односно бунари за собирање на отпадни гасови кои со години се акумулирале на оваа локација. Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе бидат анализирани во сертифицирани лаборатории, со цел точно утврдување на количеството и составот на гасовите.

— реклама —
— реклама —

Паралелно со тоа се спроведува и темелно површинско чистење на депонијата.

— реклама —

Ѓорѓиевски порача дека Вардариште ќе биде целосно трансформирано и дека просторот, кој со децении бил симбол на запоставеност и еколошки ризик, ќе добие нова намена.

На оваа локација е најавена изградба на современ мега парк со површина од околу 300.000 квадратни метри, наменет за рекреација, спорт и зеленило.

Дополнително, е најавена и изградба на мост што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со цел намалување на сообраќајниот метеж и подобра градска поврзаност.

Од Град Скопје порачуваат дека проектот претставува почеток на долгорочна еколошка и урбана трансформација на овој дел од градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања