Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ѓорѓиевски:Зошто му се на Јовче Ременски имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Orce-Gorgievski

СДСМ е синоним за криминал, а со Зоран Заев на власт, правото и правната држава не постојат. Рекетот, изнудите и корупцијата се модус операнди на Зоран Заев и сите негови функционери.

— реклама —

Зошто му се на Јовче Ременски имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље? Дали уценувал или планирал да уценува некого? Дали се заканувал или нудел заштита на осомничени и инволвирани лица?

— реклама —

Ова се сериозни прашања кои се наметнуваат откако вчера јавноста се вознемири со информацијата дека соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тоа што дополнително загрижува е фактот дека власта и истражните органи молчат за овој скандал.

— реклама —

Устата им е полна со наводен ветинг, а немаат информација дека нивен функционер ја изнесувал доверливата архива и си правел сопствена. Како е можно овој човек да го мине филтерот за влез во новата Агенција за Национална Безбедност, а згора на сето тоа и да врши селекција на останатите кадри оценувајќи ја нивната работа.

Почитувани,

Со овој скандал Зоран Заев и СДСМ фрлија дополнителна сенка врз целосниот процес на селекција на кадри во новата Агенција за Национална Безбедност и целосно ги потврдија сомнежите дека процесот е политички и коруптивен, а не професионален.

Зошто Агенција за Национална Безбедност кога дознала дека кај Јовче Ременски се пронајдени информации и документи од истраги не го суспендирала и не започнала постапка против истиот!?

Има ли удел Јовче Ременски во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?

Дали е потребен дополнителен медиумски притисок кон ЈО и МВР за да почне да си ја вршат работата!?

Доколку со таква леснотија се изнесуваат документи од МВР, дали како држава треба да стравуваме дека и други лица поседуваат класифицирани документи во своите домови и ги користат за приватни работи и уцени!?

Која е безбедноста која ја гарантира МВР кога не можат да ги заштитат ниту сопствените материјали!?

Спасовски се покажа како целосно неспособен. Безбедносниот систем ни е целосно крахиран. Одговорност мора да има.

Оваа несериозна влада мора час поскоро да си замине. На 12 април граѓаните ќе ги испратат СДСМ во историјата. По 12 април следува обнова на Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања