„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ГМО кокошки несат јајца од кои се прави лек за рак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
kokoska-mutirna

Генетски модифицирани кокошки несат јајца со екстра протеини од кои се прави лек за рак. Истражувачи ги модифицираа гените на кокошките за тие сега да можат да несат јајца со одредени протеини кои се лек за артритис и за некои видови рак. На овој начин таквите лекови се стотина пати поевтини отколку кога се произведуваат во фабрики.

— реклама —

Научниците претходно докажуваа дека генетски модифицираните кози, зајаци и кокошки можат да се користат за производство на протеински терапии.

„Производството на протеински лекови на овој начин може да чини од 10 до 100 пати помалку отколку во фабрика, па можеме да очекуваме барем 10% пониски трошоци на производство“ додаваат тие. Најголемата заштеда произлегува од фактот што изработката на кафези за кокошки е многу поевтина отколку одржување стерилни простории за фабричко производство.

— реклама —

Многу болести се предизвикани затоа што човечкото тело природно не произведува доволно одредени хемикалии или протеини. Таквите болести можат да се контролираат со лекови што содржат протеини. Три јајца од генетски модифицираните кокошки се доволни за да се произведе една доза лек, а кокошките можат да снесат до 300 јајца годишно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања