Во село Жидилово, Кривопаланечко, полицајци запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М. (29) од Крива Паланка. Во возилото биле и лицата Г.Ѓ. од Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.
При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полицајците влегувале во службеното возило, дошла Ј.Ѓ. со шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени во полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива