Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Го грабнале и тепале за да признае силување: Двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Двајцата обвинети за грабнување на 21-годишно момче од Неготино признале вина пред Кривичниот совет при Основниот суд Кавадарци, кој им изрече вкупно 10 години затвор.

Б. М. (37) е осуден на шест години затвор, додека Ќ. С. (30) доби четиригодишна затворска казна. На двајцата им е продолжен притворот до правосилноста на пресудата.

— реклама —

Пресудата е првостепена, што значи дека странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци веќе најавија дека ќе поднесат жалба.

Обвинетите, кои се жители на селото Копришница во Демир Капија, пред судот изразиле каење и жалење за стореното.

Според психијатриското вештачење, првообвинетиот Б. М. во времето на извршувањето на делото бил во состојба на битно намалена пресметливост поради трајна душевна болест, односно хронична психоза, параноја и патолошка љубомора.

— реклама —

Грабнувањето се случило на 12 април годинава. Според обвинението, Б. М. како поттикнувач на делото, заедно со Ќ. С., го грабнале 21-годишното момче од Неготино со намера да го присилат да сними изјава во која ќе признае дека ја силувал сопругата на првообвинетиот.

При грабнувањето, Ќ. С. употребил и пиштол, кој го репетирал и со него му се заканувал на момчето.

— реклама —

Двајцата го внеле момчето во „мерцедес“ од дворот на неговиот дом во Неготино и тргнале по стариот пат кон Демир Капија. Според обвинението, во текот на патувањето му се заканувале дека ќе го убијат и го удирале со тупаници.

Мобилниот телефон му бил фрлен, а на главата му ставиле црни кеси за да не може да види каде го носат. Откако стигнале во шумски предел, го извадиле од возилото и го принудувале да слуша аудиоснимки и да признае дека тој е лицето што се слуша на снимката.

Бидејќи момчето постојано негирало, двајцата му се заканувале со силување и убиство и продолжиле да го тепаат со тупаници и пластична цевка. Притоа му нанеле тешки телесни повреди.

— реклама —

Сторителите биле откриени откако момчето, пред да му го одземат и фрлат телефонот, успеало да испрати порака за помош до полицијата. Неговото насилно внесување во возилото го забележале и соседите.

Полицијата потоа ги идентификувала осомничените и стапила во контакт со нив. Откако дознале дека се откриени, тие го однеле момчето во полициската станица во Неготино.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 15 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 16 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања