Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Го намамиле, претепале и ограбиле, па го терале да земе брз кредит – драма во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycsh1i936ka910S4pYET
Скопје1.мк

Шеесет и четиригодишен маж од Куманово бил измамен, физички нападнат и ограбен, а потоа двајца сограѓани се обиделе да го принудат да подигне брз кредит од финансиско друштво. Мажот успеал да ѝ сигнализира на вработената дека дејствува под присила, по што таа повикала полиција.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 22 октомври полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Б. (45) и Р.Т. (52), двајцата од Куманово.

— реклама —

Како што било пријавено, жената го намамила 64-годишниот маж во својот дом, барајќи од него да ѝ помогне при купување мобилен телефон. Меѓутоа, кога пристигнале во дворот, Р.Т. физички го нападнал, додека С.Б. му ги одзела парите и мобилниот телефон.

По нападот, според пријавата, двајцата го принудиле мажот да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит.

— реклама —

Додека бил во финансиското друштво, оштетениот успеал да ѝ даде знак на вработената дека не бара кредит по сопствена волја, туку под присила. Таа веднаш ја известила полицијата.

— реклама —

Осомничените биле приведени во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 3 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 3 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања