Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 15 часот го лишиле од слобода Б.Л. (30) од Кочани, постапувајќи по пријава за семејно насилство.
Според пријавеното, околу 10 часот во семејниот дом, 30-годишникот физички го нападнал својот 28-годишен брат.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.