Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Го нема Скопје одамна, зашто Скопје било скопјаните, дружењата во дворови ... Гледате нешто од тоа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
saso-tasevski

Актерот Саше Тасевски се присети како било Скопје пред земјотресот, но и какво е сега. Еве што напиша Тасевски на социјалната мрежа фејсбук.

„Кое Скопје? Го нема Скопје одамна, зашто Скопје било скопјаните, дружењата во дворови и маала, солидарноста, одењето на утакмици на Вардар и Работнички секоја недела, фудбал и серва пред зграда, џамлии на сликици, гитари на секоја клупа до пет сабајле, ќебапите во Кермес и Езерце, одењето со мама и тато на езеро Треска, на Матка, зеленило и паркови на секој чекор, простор што дише.

— реклама —

Гледате нешто од тоа?

Го нема.

— реклама —

Е па го нема ни Скопје.

— реклама —

Знам, еуфорија, сентименталност, сеќавања на оние кои биле деца кога го преживеале земјотресот, ама вие кои сте родени по него изгледа потешко сте го преживеале, таков ви е галиба осечајот.

Да не се повтори?

— реклама —

Жалам ама ќе се повтори. Кога тогаш. Кога се силува природата и еден град со децении, казната мора да стигне во некоја форма. Закон на природата и богот на одмаздата. Ние божем скопјани, а мирно гледавме со години како Скопје ни го силуваат разни копита и уште гледаме и ќутиме. Али не е лошо да поцмиздриме секој 26 јули.

Јас лично Скопје веќе не го доживувам како град во кој сум се родил и пораснал. Ова не е градот од моето детство и младоста. Ова Скопје е од најлошиот паралелен универзум“, напиша Тасевски на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања