Го претепале, барајќи од него да го врати долгот од 6000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tepacka-4

Двајцата обвинети на 29 јуни 2020 година , околу 10.00 часот, со возило пристигнале пред домот на оштетениот. Откако го забележале, го повикале да влезе во автомобилот, па без негово знаење се упатиле кон парк шумата во Гази Баба, Скопје. По пристигнувањето, обвинетите физички го нападнале оштетениот удирајќи го со  гумена палка по телото, барајќи од него да го врати долгот од 6000 евра кој тој го имал кон првообвинетиот. По извесно време двајцата обвинети соизвршители, го внеле оштетениот во возилото и го однеле во неговиот стан, кој како гаранција за земените пари оштетениот му го предал во владение на првообвинетиот. Во станот обвинетите лица продолжиле да го удираат оштетениот, заканувајќи му се дека доколку не ги врати парите, ќе го запалат заедно со неговиот стан. Од нанесените удари, оштетениот се здобил со видливи повреди и подливи по телото.

— реклама —

Со извршените дејствија, двајцата соизвршители, 33-годишен охриѓанец и 31-годишен скопјанец, го сториле кривичното дело – Самовластие од член 392 став 2 од Кривичниот законик, а за што денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинитество Скопје во Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања