„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Го сакам Водно“: Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
go-sakam-vodno-protest54

"Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија", "ако дождот паднеше на Водно, ќе имаше илјадници жртви" изјави проф. Трендафилов, експерт за порои и ерозија од Шумарскиот факултет, август 2016 кога се случија фаталните поројни дождови и поплави на Скопска Црна Гора кои однесоа човечки жртви.

Јапонците велат дека Водно е со најголем ризик при поројни дождови да дојде до катастрофи од поголеми размери и ќе пошумат дел кон трагичниот пат за Сончев град.

— реклама —

— реклама —

Што треба да се случи, за да државата ја тргне трасата на гасоводот од Водно? Треба ли нови жртви да ни се случат?

— реклама —

Па гасоводот се гради токму низ ерозивно подрачје кај спустот кон Шишево каде се моментално и кај Сопиште делот, каде не само што не смеело да се дозволи да се гради, туку треба да се пошумува, да се намали ризикот од ерозија, од поројни дождови и појава на свлечишта. Целата територија на Водно е подрачје загрозено од ерозија.

Не само што се гради каде не би смеело, туку се гради без спроведување на мерки за заштита од ерозија, на утврдено ерозивно подрачје и подрачје загрозено од ерозија.

Одговорност, во случај на катастрофа за која сите експерти предупредуваат, ќе сносат тие кои го одобрија градењето на гасоводот низ Водно и кои не преземаат мерки за заштита и превенција од ризици. Со име и презиме. Зошто на нивна адреса ќе се упатат кривичните пријави и на нивна совест ќе лежат последиците.

Наместо оваа Влада да ги санира штетите направени од претходната, со Сончев град и патот до него, АЕК кулата, итн., наместо Водно да го заштити, да го пошумува, да постави јасни граници на парк-шумата, тие продолжуваат лош проект од претходната, без мерки за заштита и со безбројни пропусти. Никој ништо не презема, сите се прават слепи и глуви и се тера ко да сме на дивиот запад. Само што сме бетер. И на дивиот запад имало некои норми и правила. Тука не. Тука ни локален шериф не постои. Само самоволие. Кога е веќе така, самораспуштете се. Па бар да знаеме дека е до нас и да си го преземеме Водно во наши раце“, стои во објавата на Фејсбук на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања