СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.
На 08.04.2019 година на паркинг простор пред ВИП Арена „Борис Трајковски“ пријавениот со употреба на сила и тврд предмет скршил стакло од моторно возило „Шкода Суперб“, по што го отворил возилото и одзел лап топ компјутер и торба со лични работи.