Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата во последното деноноќие се уште има пожари на вегетација на отворено и има запалени оџаци.
„Но, покрај тие пожари има и пожари од невнимателност, заборавање на вклучени електрични уреди. Токму таков случај имало во последното деноноќие, за среќа со среќен завршеток, бидејќи на време е забележан чадот и пожарникарите со брза акција го изгаснале започнатиот пожар. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во период од 13:10 до 13:45 часот интервенирале, по пријава дека од заклучен стан чади. Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен, којшто е пронајден и дошол на лице место. Штети немало направено, интервенирано е на време. На терен биле 3 пожарникари со 1ПП возило“, велат од ЦУК.