Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. За тоа дека податоците се навистина алармантини во однос на напднати граѓани од улични кучиња за Фактор говори и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
-Според податоците кои ги добивме од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години.Од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна, вели Ангелов.
Според него стерилизацијата е клучна за искоренување на овој проблем.
-Со 75 отсто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов.
Целиот тект можете да го прочитате тука