Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Plakat-za-promocija-na-CD-12.12.2018-01-Preview

Еден од музичките настани со најдолга традиција е пред нас – годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“. Концертот ќе се одржи на 12 декември (среда), 2018 година со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет.

— реклама —

Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри. Дел од програмата ќе бидат безвремените,прекрасни оригинални композиции, напишани наменски за мандолински оркестар од К.Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица.

— реклама —

Како дел од годишниот концерт, музикологот Тина Иванова, некогашен мандолинист, ќе го промовира изданието на це-де„Ритамот на мандолината“ кое ќе биде достапно по промотивна цена за сите оние кои ќе одлучат да дојдат на концертот и да уживаат во звуците на мандолината.

— реклама —

Мандолинскиот оркестар „Скопје“во своите 17 години постоење секогаш на годишните концерти се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство. Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура,инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца.

За тоа бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања