Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Годишнина од смртта на Глигоров, еден од најистакнатите градители на современото македонско општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
01012024_VRSM-4

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

— реклама —

„Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери од независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава.

— реклама —

Глигоров е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава.

Претседателот Глигоров на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата и беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

— реклама —

Киро Глигоров учествуваше во меѓународното признавање и афирмација на државата и ги постави темелните принципи за членство на денешна Северна Македонија во најмоќната воено безбедносна алијанса во светот НАТО и за прифаќање на државата за членка на Европската Унија.

— реклама —

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст“, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања