Промени тема
Контакт

Гол по 64 секунди и црвен картон: Парагвај ја испрати Турција дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-library6j97upjb2cs36rVdZUN
unsplash

Турската репрезентација го доживеа и вториот пораз на Светското првенство, откако загуби од Парагвај со 1-0 и остана без шанси за пласман во нокаут-фазата.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи уште во првата минута, кога Галарза по само 64 секунди игра со одличен удар од далечина ја затресе мрежата за водство на Парагвај.

По раниот гол, Парагвај се повлече и се ориентираше кон одбрана на предноста. Во судиското продолжение од првото полувреме дополнително се соочи со проблеми, откако Алмирон заработи црвен картон поради прекршување на новото правило поврзано со прикривање на устата.

— реклама —

И покрај тоа што целото второ полувреме го одигра со фудбалер помалку, парагвајската селекција успеа да го издржи силниот притисок на Турција.

Статистиката целосно беше на страната на Турците, кои имаа 78 проценти посед на топката и дури 32 удари кон голот, но само пет од нив беа во рамките на голот.

По две одиграни кола, на врвот во групата се наоѓаат САД со шест бодови, Австралија и Парагвај имаат по три, додека Турција останува без освоен бод.

— реклама —

Со овој пораз, Турција стана првата репрезентација која и математички е елиминирана од Светското првенство уште во групната фаза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања