„Гола месечина“ од 28 септември до 3 октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Gola-mesecina

 Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела, почнувајќи од 28 септември до 3 октомври. Фестивалот, кој е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Поради тоа, оваа година „Гола месечина“ ќе биде на нова локација, на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар. Фестивалот на комедијата годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања