Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Голем пожар беснее на Крит, огнот се приближи до населените места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
pozar-Krit
Илустрација

Голем пожар што во неделата попладне избувна во областа Чонос кај Ситија на Крит и натаму е активен, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнената стихија.

— реклама —

На терен се ангажирани 105 пожарникари со 35 возила и пет пешадиски единици. По разденувањето се очекува повторно да продолжи гаснењето од воздух.

— реклама —

Пожарот во текот на неделата се проширил кон областа Каридија, поради што властите продолжиле со превентивни евакуации и издавање предупредувања до населението. Во еден момент огнот се приближил на околу 500 до 600 метри од едно од селата, но промената на правецот на ветерот го оддалечила огнениот фронт од населените места.

— реклама —

Преку бројот 112 биле предупредени жителите на Келарија, Адравастој, Клисидија, Зарко и Азокерамос, со повик за зголемена претпазливост. Подоцна ново предупредување добиле и жителите на областа Закрос, на кои им било наложено да се евакуираат кон Ксерокампос.

Градоначалникот на Ситија, Јоргос Зервакис, изјавил дека ситуацијата е особено тешка. Според него, во областа дува ветер со јачина од околу пет степени според Бофоровата скала, додека честите повторни избивања на огнот дополнително го отежнуваат гаснењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2cflmedv1h340rJGPVQ

Спасувачка акција јужно од Крит: Околу 105 луѓе пронајдени во чамци на море

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-library7suq25dlniqef2cCGYe

(Видео) Силно невреме го погоди Крит: Се урна мост, повредени две лица

Настани | пред 3 седмици

media-libraryib7jkvcqed4kfFwsRxi

78-годишен француски турист исчезнал додека пливал на Крит, пронајден мртов

Свет | пред 1 месец

media-library1rt4ahf2o9e897pbJHJ

Две деца останале заклучени пет часа во училишен автобус: Возачот и придружничката не ги забележале

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања