„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Голем шумски пожар беснее во близина на манстирот „Св. Преображение“, или манастирот на Тоше Проески во Крушево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Голем шумски пожар беснее деновиве во близина на манстирот „Св. Преображение“ во Крушево. Екипите на противпожарната единица заедно со армијата и локалното население, веќе неколку дена се борат со пламените јазици, да не дојдат до самиот манастир. Командирот на крушевската противпожарна единица, Шули Ангелески порача дека состојбата е критична и пожарот се шири кон селото Арилево, објави фокус.мк.

— реклама —

„Состојбата не е сјајна. Критично е уште. Имаме поддршка од хелокиптерите, пешадија од војската и локалното население, од јавните претпријатија. Се прави заштитна патека, за пожарот да не стигне до манастирот. Другиот дел е локализиран, а пожарот се шири во два правци. Едниот крак е накај селото Арилево, а другиот накај ловечките домови“, изјави Ангелески за Фокус.

Манастирот „Св. Преображение“ е возобновен во 1986 година а македонската поп икона Тоше Проески лично помагаше на овој манастир за негова изградба и беше едно од неговите омилени места за мир.

— реклама —

Фото – Томе Христоски, градоначалник на Крушево

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања