Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Голем удар за Египет: Мохамед Салах се повреди пред осминафиналето на СП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Спорт
media-libraryua3pdjopdiis3PxTCQz

Египетската фудбалска репрезентација се соочи со сериозен проблем во пресрет на осминафиналето на Светското првенство, откако капитенот Мохамед Салах се повреди на натпреварот против Иран, кој заврши нерешено 1:1 во последното коло од групната фаза.

— реклама —

Најдобриот египетски фудбалер беше принуден да го напушти теренот во 57. минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи покажале дека станува збор за истегнување.

— реклама —

Фудбалската федерација на Египет соопшти дека Салах веќе го започнал процесот на закрепнување.

— реклама —

Засега не е познато дали искусниот напаѓач ќе биде подготвен за осминафиналниот натпревар против Австралија, кој е закажан за 3 јули во Арлингтон.

— реклама —

Египетската селекција се соочува и со дополнителни кадровски проблеми во одбраната. Ахмед Фатух сигурно ќе го пропушти следниот натпревар поради повреда, додека постои оптимизам дека Мохамед Абделмонем ќе успее да се опорави од повредата на скочниот зглоб и да му биде на располагање на стручниот штаб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања