Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Голем успех на македонските пронаоѓачи во Москва – освоија пехари и златни медали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
arhimeds

Во вонредни услови заради Ковид-19 пандемијата, во Москва е одржан меѓународниот саем на пронајдоци Архимед (XXIII Moscow International Salon of Inventions and Innovation Technologies ARCHIMEDES), во периодот 24-27 март 2020 год.

Архимед е еден од најреномираните светски саеми за пронајдоци и иновативни технологии, а оваа година на саемот беа поднесени повеќе од 3000 пријави од целиот свет. По извршената селекција од страна на комисијата одобрено е учество на околу 600 високорангирани патентирани пронајдоци, меѓу нив и сите три поднесени од Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM).

— реклама —

Поради пандемијата беше откажано учеството на повеќе држави, посебно од оние кои се сметаат за ризични, но сепак учествуваа 24 држави, како и 35 региони од Руската Федерација. Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM) настапи со патентираните пронајдоци од тројца наши пронаоѓачи и тие беа наградени со повеќе вредни награди:

– Проф. Д-р Драги Рашковски за својот патентиран пронајдок „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот со определување на просечната брзина и изрекување на казни" освои: Пехар и Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

— реклама —

– Тони Велевски за својот патентиран пронајдок „Опрема за редење и нижење на листови од тутун" освои: Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

– Саше Јандрески (ученик во II год. од гимназијата „Мирче Ацев" во Прилеп) за својот патентиран пронајдок „Мултифункционален стерилен медицински шприц"освои: Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

Ова е трета година по ред со успешен настап на Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија на овој светски саем на пронајдоци и иновативни техологии.

Мирко Узелац

Претседател на NAIM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања