Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Голема акција на Европол: Осум лица се уапсени за криумчарење мигранти по балканската рута

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Акцијата предводена од романската полиција и граничната служба, со поддршка на Европол и учество на бугарската полиција, доведе до апсење на осум лица и разбивање на организирана криминална мрежа која криумчарела мигранти по балканската рута.

Ова денеска го соопшти Европол.

— реклама —

Осомничените илегално превезувале мигранти од Бугарија и Романија во Западна Европа, се наведува во соопштението.

За време на акцијата беа претресени девет локации, а беа уапсени осум романски и сириски државјани. Истовремено, во едно од скривалиштата биле откриени 32 мигранти, а одземени се документи, електронска опрема и парични средства.

— реклама —

Истрагата утврдила дека криминалната мрежа оперирала од Букурешт, користејќи го Темишвар како центар за сместување и префрлање мигранти во Западна Европа.

Осомничените пронашле мигранти од Блискиот Исток, главно од Сирија, кои сакале особено да стигнат до Германија.

Водачот на мрежата, сириски државјанин кој три години живеел во Романија, имал силни врски со други организатори од Истанбул.

Тој дејствувал како регионален координатор за криумчарење мигранти кои се превезувале во камиони скриени меѓу разновидна стока, а секој мигрант плаќал од пет до 10.000 евра за да ги пренесе до крајната дестинација.

Истрагата за овој случај ја поддржаа Австрија, Германија и Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања