Во координирана операција против шверц со дрога ширум Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти „Европол“.Како што се наведува во соопштението, лидер на криминалниот ланец е 48 годишен Летонец уапсен во Шпанија.
Другите лица беа уапсени во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија, објави „Ројтерс“. „Европол“ истакнува дека ова е најголемата операција од ваков вид во која беа пребарани 40 куќи на 15 и 16 мај.
Беа запленети осум милиони евра, дијаманти, златни полуги, накит и луксузни автомобили.