Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Голема акција за чистење на Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
otpad

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија утре ќе организира голема акција за чистење на целата територија на Општината што ќе опфати метење и миење на улиците, кастрење гранки и косење трева, како и чистење на дивите депонии на територијата на Општината.

— реклама —

Во чистењето ќе бидат вклучени 80 работници, општинската администрација и доброволци граѓани на Општина Аеродром. Чистењето ќе се одвива од Железничка станица, па сè до населбата Ново Лисиче.

— реклама —

Во рамките на оваа акција, во соработка со „Комунална хигиена“, ќе бидат поставени и контејнери за собирање кабаст отпад на следниве локации:

— реклама —

— реклама —

  • улица „Коста Новаковиќ“ бр. 29 во Стар Аеродром,
  • булевар „Јане Сандански“ бр. 72 зад ТЦ „Бисер“ и
  • улица „Димитар Туриманџовски“ спроти амбулантата во населбата Лисиче.

Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот  и правилно да го селектираат на соодветните места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања