Голема акција за подигнување непрописно паркирани возила од јавните површини во Чаир и Бит-пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Akcija-Pajak-Cair-1

Во последниве 3 месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар.

— реклама —

Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните возила на јавните површини и прават прекршоци по основ на паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

— реклама —

Во рамките на овие активности денеска се спроведува голема акција за санкционирање и отстранување на овие возила со специјалните возила пајак на територијата на општина Чаир. Во последниве 3 месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар.

— реклама —

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања