Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Голема акција за пошумување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mladost

Прва поголема акција за пошумување во која на 10 хектари беа засадени 13.700 садници – јасен, јавор, багрем и чемпрес изведе денеска општина Велес на опожарените површини над велешкото езеро „Младост”.

— реклама —

Во акцијата учествуваа претставници од невладините организации, јавните институции, вработени во Општината и членови на Советот, припадници на Армијата од велешкиот гарнизон, членови на Ротари клубот, ученици со своите наставници, вработените во ЈКП „Дервен” и граѓани.

Садниците ги обезбеди Општина Велес со поддршка од донатори.

— реклама —

Градоначалникот Аце Коцевски кој зема учество во акцијата за пошумување, искажа благодарност до сите учесници и донатори.

Од Општината најавуваат дека акциите за пошумување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост” ќе продолжат напролет и ќе се одвиваат континуирано, се додека не се пошумат сите опожарени површини.

Во големиот шумски пожар кој над велешко езеро „Младост” кој избувна на 26 август поради невнимание на четворица работници со искрење од брусалица за 11 часа дивеење на огнената стихија неповратно изгореа 400 хектари од кои половината беа со борова шума.

Боровата шума пред 50-тина години во бројни еколошки акции ја засадија граѓаните на Велес.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања