Голема акција за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 ноември“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“. На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба.

— реклама —

Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност,  колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа.

Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.

— реклама —

Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања