„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG_1019

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со дел од општинската администрација, со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од членовите на Советот, Јасна Саздовска, Зоран Ацевски, Тодор Костадиновски, Весна Петковска и Марина Чорбеска учествуваше во спроведување на акција за чистење на територијата на локалната самоуправа.

— реклама —

На оваа голема еколошка акција која се спроведе во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ се приклучија голем број вработени во јавното скопско комунално претпријатие, граѓани, ученици од средното економско - правно училиште „Васил Антевски - Дрен“, студенти и членови на спортските клубови: карате клуб „Маваши“ и на боксерскиот клуб „Чигра“. Отпадоците од јавните површини ги расчистуваше и тренерот на БК „Чигра“, поранешниот познат боксер, Блажо Василев.

— реклама —

-Денеска заедно со јавното скопско претпријатие „Комунална хигиена“ имаме акција за расчистување на територијата на Општина Кисела Вода. Заедно со вработените на Општината, вработените на јавното комунално претпријатие, со спортските клубови и граѓаните ја правиме оваа акција преку која сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за животната средина, свеста за комуналниот неред и да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани – изјави градоначалникот, Филип Темелковски.

-Во име на менаџерскиот тим на ЈП „Комунална хигиена“ можам да Ве информирам дека вакви акции во координација со градот и општинската администрација се извршуваат на одредени микро локации, се во интерес на граѓаните за да се избориме конечено да имаме чиста урбана средина. Менаџерскиот тим развива и вонредени оперативни активности во интерес на градот и граѓаните. Ова е уште една дополнителна акција за сите да се избориме за чиста средина – кажа, Исмет Душки раководител на еко патрола.

Овој голем еколошки настан насловен „Биди дел од чиста иднина“ се одржа во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Целта на неговото одржување е подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања