Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mazut

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец" излеана е поголема количина мазут. На оваа, како што ја оценуваат кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото, објави МИА.

— реклама —

-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува се до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.

Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.

— реклама —

-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината изврија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и оти се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава".

извор МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања