Голема полициска акција имало вчера во скопски Грчец. Според информации на „Скопје1“ од очевидци, таму МВР влегло со оклопни возила околу 22 часот.
Ова доаѓа по вчерашното пукање во трговскиот „Ист гејт“, а потоа, автомобил кој бил користен, е запален во близина на езерото „Треска“, кај Грчец. Но, не се знае дали акцијата е поврзана со пукањето
Засега од МВР немаат испратено информација до медиумите за оваа акција.
Ликвидаторите на Раде Штекли го запалиле автомлбилот - нови детали
Колата која ја користеле двете лица кои попладнево пукале Раде Трајковски Штекли во гаражите на „Ист гејт“, е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец, дознава Телма од извори на истрагата.„На 25.08.2023 околу 15:50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Скопје | пред 2 години