Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Голема полициска акција во Албанија - уапсени 32 лица поради недозволена трговија со луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tirana-1

Во голема полициска акција во повеќе градови во Албанија, уапсени се 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно европските земји и САД.

— реклама —

Полицијата соошти дека се запленети и апарати со кои се изработувале фалсификувани документи, поголем износ на пари, автоматска пушка фалсифкувани документи и оти се трага уште по четири лица.

— реклама —

– Акцијата „Погрешен пат“ беше спроведена во Тирана, Драч, Елбасан, Корча, Фиер, Валона, Берат и Ѓрокастро а беа вклучени 250 полициски службенци. Членовите на оваа криминална група ги снабдувале заинтересираните лица со фалсификувани патни исправи и други документи за патување во земјите на ЕУ,за што наплатувале од 3 до 5 илјади евра, за САД и Канада по 20.000 долари и за Велика Британија 10.000 фунти, соопшти полицијата.

Лицата со фалсификувани пасоши за одредената дестинација тргнувале од Албанија, Црна Гора, Италија, Грција, Франција и Норвешка.

— реклама —

Мегаакцијата на албанската полиција, реализирана во соработка со меѓународните партнери, ја поздрави министерот за внатрешни работи Сандер Леши, оценувајќи ја како „силен удар против организираниот кримнал“.

– Последователен силен удар против организираниот криминал. Шверцерите ги мамат граѓаните, го поткопуваат слободното движење и нашата европска иднина. Борбата протв органзиранот криминал, мисија во служба на иднината, напиша Леши на Твитер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања