Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Голема роденденска забава во Зоолошка градина Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
rodenden

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

— реклама —

Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.

— реклама —

Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.

За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор , фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

— реклама —

Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.

До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.

— реклама —

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.

Се гледаме во вашата омилена Скопје ЗОО!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања